Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во муслиманското кралство Бахреин беше организирана забава по повод прославата на еврејскиот празник Ханука, а видеото од забавата кое беше објавено на интернет стана вирален хит кој ги преплави социјалните мрежи. На него се гледа како ортодоксни евреи, фатени за раце со муслиманските пријатели, танцуваат заедно на хашидска музика.
Забавата по повод Ханука беше организирана минатата сабота во локал кој еднакво го посетуваат и членови на еврејската заедница, како и музлимани од Бахреин, пренесуваат израелските медиуми. Настанот беше организиран од американскиот еврејски милионер Лазер Шејнер.
На видеото се гледа како евреите и муслиманите, држејќи се за раце, заедно пејат и танцуваат. Бахреин е мала арапска монархија во Персискиот залив, со популација од 1,3 милиони луѓе.