Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившиот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Јувентус, Патрис Евра го посоветува својот пријател Кристиано Роналдо да потпише за „старата дама“.
Според Евра, Јувентус е идеалното место за Роналдо да ја продолжи својата кариера.
„Сите ме прашуваат што мислам за тоа. Не сум зборувал со Кристиано за тоа, но мојот совет е: Ако сакаш да играш до 2050 година, треба да одиш во Јуве! Едноставно не постои друг клуб кој е подобар за него во овој момент“, изјави Евра.
„Јас сум му благодарен на Јуве, што продолжив да играм на високо ниво и да освојувам трофеи после Манчестер Јунајтед. Тоа беше благодарение на Јуве, таму си ја продолжив кариерата. Јуве секогаш ќе биде во моето срце“, додаде Французинот.