Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во видео пресек долг нешто повеќе од две и пол минути, автомобилскиот гигант Mercedes ја прикажа еволуцијата на една од најважните компоненти во секое моторно возило, управувачот во нивните модели од почетоците до денес.
Управувачите во модерните автомобили не се само обични управувачи, туку содржат и многу други команди многу важни и корисни при возењето.
Но во самиот почеток на автомобилската индустрија управувачот изгледал сосема различно, кружниот облик кај управувачот се појавува пред самиот крај на 19 век во 1894 година.
Историјата на воланот на Mercedes е долга 120 години, а управувачот на возилата од овој германски произведувач за тоа време еволуира во вистинско технолошко чудо.
Најновата технологија, која Mercedes ја претстави во март, на моделот Е Class за 2021, опфаќа сензори во воланот кои детектираат дали возачот ги држи рацете на управувачот, што би биле од големо значење за идните системи за полуавтономно возење.
Погледнете ја приказната за историјата на управувачот на Mercedes.