Еволуција на интимните фризури: Како „се носеа долу“ нашите баби и прабаби (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Модерните жени се во состојба да издржат сè – од напорни епилации, преку болни депилации со восок до бричење и кремови, само нивните „интимни фризури“ да бидат совршени.

Денес жените имаат слобода да бираат каква мода ќе фураат со „интимната фризура“. Нивен избор е дали ќе ги отстранат сите влакна со восок, или ќе ги стилиризираат со тример и брич, или пак ќе негуваат природен изглед. Но, некогаш нештата во врска со овој феномен не беа така едноставни.

Жените ги депилираат интимните делови уште од времето на Стар Египет, 3.000 години пред нашата ера. Тоа е доба во кое се преферирало тело без влакна, а при нивното отстранување биле користени бричови од бронза и остри камења.

Жените од Стар Египет биле меѓу првите кои користеле шеќерна паста за да ги остранат влакната од корен. Од друга страна, Гркињките не користеле паста, туку секое влакно го кубеле поединечно.