Евгениј Поп Ацев: Од ПФМ ме лажеа дека ме пријавиле на Европско – од интернет го дознав спротивното


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После за него ненајавеното и необјасниво отсуство, не по негова вина, од официјалната листа на учесници на Европското пливачко првенство кое се одржува во Глазгов, македонската пливачка гордост Евгениј Поп Ацев преку својот Фејсбук профил откри колку е разочаран од таквите лаги и перфидни манипулации на Александар Маленко и Томи Стефановски како први луѓе на Пливачката Федерација на Македонија:

„Чуствувам обврска да ја објаснам сегашната ситуација околу Европското Првенство во Глазгов. Во Февруари ја исполнив нормата дадена ПФМ за настап на Европското Првенство и во изминатата година цела моја енергија фокус тренинг и мотивација беше за ова Првенство.

До последен ден добивав лажни информации од ПФМ и верував дека се е во ред со мојот настап. Може да замислите колку беше разочарувачки и тажно за мене кога со веќе пола спакувана торба видов на стартната листа (пред само два дена) дека моето име не е таму.

Имам едно објаснување од ПФМ( нема ни да се осмелам да го објаснувам зашто е патетично и понижувачко ) и сосема спротивно од ЛЕН која вели дека мојата Федерација не пратила пријава воопшто. За тие кои ме познаваат или кои се натпреварувале на интернационално ниво ќе разберат дека за моите разочараност огорченост и болка нема зборови да се опишат.

Уште поболно е дека луѓето одговорни за оваа ситуација се натреварувале на исто ниво и се свесни колку ми значеше настапот на ова Првенство и колку можев да постигнам. Мислам дека тешко ќе му биде на секој нормален човек да си објасни зашто ова ми го направија и до последен момент ме лажеа, но ако некој знае слободно нека пише во коментар или нека ми се јави.

Сметам дека ниеден спортист не заслужува и не треба да го доживее ова и затоа решив јавно да го споделам“.