Home Вебкафе Еве зошто треба почесто да јадете пуканки

Еве зошто треба почесто да јадете пуканки

Да, слободно можете да уживате во вкусот на пуканките без да берите гајле дали ќе се здебелите од нив, бидејќи тие не влијаат врз таложењето на вишокот килограми, ако ги подготвите на соодветен начин.

Пуканките се одличен дополнителен извор на влакна, кој недостасува во исхраната денес. Просечниот човек дневно внесува помеѓу 10 и 15 грама влакна, што претставува околу половина од потребната дневна доза, што може да биде сериозен здравствен проблем.

Со консумирање на само 100 грама пуканки дневно, овој недостаток приближно може да се компензира.

Добрата страна на пуканките е исто така ниското ниво на шеќер, натриум и холестерол, односно заситени масти. Загравањето на пченката го зголемува целокупното антиоксидантно дејство.

Сепак, индустриски обработени пуканки често се обложени со разни додатоци на делумно хидрогенизирани растителни масла, вештачки ароми, засилувачи на вкус и висок процент на сол, која никако не оди во корист на здравјето и спречување на вишокот тежина.

Значи, пуканките не дебелеат само ако ги подготвите без масло или со минимално количество, како и без сол.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Причини што докажуваат дека тестенините не ни се непријател

Тестенините веројатно се една од најпопуларните намирници во светот, но честопати се обвин…