Еве зошто треба да јадете кисела зелка

Еве зошто треба да јадете кисела зелка

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонија не би можела да се замисли без кисела зелка…

Киселата зелка е нашето традиционално јадење кое се користи за приготвување многу јадења и кое секоја година со гордост го киселиме во нашите визби.Освен што е вкусна, киселата зелка е и неверојатно корисна, па сега ќе ви објасниме зошто е важно да ја јадете..

Полна е со витамини

Киселата зелка ги содржи речиси сите витамини кои се неопходни за здравјето: Б1, Б2, Б3, Б6, К, У и витамин А. Овие витамини му овозможуваат на вашето тело да биде здраво, а вашиот имунолошки систем е исклучително силен, што ќе ви даде одлична заштита во зимските денови кога владеат сезоните на грип и студ.

Го подобрува варењето

Киселата зелка ја подобрува работата на вашиот стомак и позитивно влијае на микрофлората на желудникот. Млечната киселина содржана во неа се бори против опасните бактерии кои се акумулираат во желудникот, како и против опасната ешерихија коли.

Го забрзува слабеењето

Самата зелка нема многу калории, што ја прави одличен диететски производ. Поради солениот и силниот вкус ќе ве засити и ќе ви даде убаво и сито чувство, а притоа нема да го оптоварува вашето тело со калории и непотребни масти.