Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кога планирате лет со авион во рачниот багаж не треба да заборавите да ставите и тениско топче! Топчето нема да Ви послужи да си додавате со останатите патници, нити за удирање во ѕидот од кабината (што е забрането). Напротив, тоа е одличен сојузник за подобрување на циркулацијата.
Сите сме свесни дека подолгото седење на едно место може да има негативни последици врз здравјето, па не чуди што долгите прекоокеански летови не се први на скалилото на најздрави активности кои можете да ги преземете за свое добро.
Токму затоа стручњаците советуваат во текот на летот да станете, да ги истегнете нозете и превентивно да делувате на болките во мускулите и џет легот.
-Земањето тениско топче на лет со авион ќе Ви ја зголеми циркулацијата. Тркалајте го топчето преку рамењата, долниот дел од грбот, преку нозете и долниот дел од стопалата за да го засилите протокот на крвта, советува хирургот Али Ѓоз од Ортопедската клиника во Лондон.
Доколку топчето го заборавите дома, циркулацијата на крвта ќе ја забрза и масажата на нозете од зглобовите кон горе, кон бедрата.