Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Од аспект на хигиената, најпаметно е новокупената облеката да се испере барем еднаш, во некои случаи и два пати, пред носењето, вели Доналд Беисито, професор по дерматологија на Универзитетот „Колумбија“.
– Како дерматолог, сведок сум на разни кожни проблеми, поради неперење на облеката и лично не би ризикувал, додава Беисито.
Се смета дека неиспраната облека може да предизвика појава на питиријаза (латински Pityriasis rosea), болест која почнува со појава на еден примарно црвен белег на телото, а потоа на кожата се шират помали жаришта.
Како најважна и најопасна причина поради која новата облека треба да се испере пред првото облекување, експертите ги наведуваат остатоците од боја и хемикалии, како формалдехидот, кои се користат во производството.
Токму формалдехидот е виновник за многу алергии, ослабен имунитет, а истражувањата покажаа дека може да биде и дополнително штетен по здравјето.
Тој посебно се наоѓа во облеката која не се тутка, а треба да се обрне внимание и на облеката од синтетички ткаенини, бидејќи тие се бојат со штетни азо-анилин бои.
Инаку, ако имате проблеми со алергии од овие работи, можете да добиете силна реакција, додека кај други луѓе тие можат да предизвикаат иритација.