Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Научната фела излегува со конкретни, јасни и недвосмислени тврдења дека музиката и пеењето кај децата резултираат со забрзување на развојот на мозочните функции и помагаат при борбата со депресија. Поради тоа, тврдат тие, музичкото образование е од исклучителна важност во раниот развој на децата.
Музичкото образование го забрзува развојот на мозокот кога се во прашање мали деца, а особено во областите кои се одговорни за обработка на звукот, перцепцијата на говорот, развој на говор и вештини како што е читањето – се вели во новата студија, спроведена од страна на научници од Универзитетот во Калифорнија.
Контролираното лекување за време на слуѓање и свирење, исто така претставува ефикасен третман за проблеми со менталното здравје.
Истражувањата потврдуваат дека додавањето на музичка терапијапри лекувањето ја подобрува социјалната функција и кај луѓето кои патат од шизофренија. Музичката терапија исто така се покажа како ефикасна како независен третман за намалување на депресијата и хроничната болка.
Институтот кој се занимава со мозочната функција и креативноста на луѓето при Универзитетот во Калифорнија, уште во 2012 година ја започна петгодишната студија во соработка со Филхармонијата од Лос Анџелес, и откриле дека музичката настава влијае врз социјалниот и емоционалниот развој кај децата.
Почетните резултати од студијата, објавени во бројни списанија, прижија докази за предностите од именото образование во време кога многу школи ја намалуваат или целосно исфрлаат музичко-уметничката програма.
За време на студијата, научници од областа на неврологијата го следеле развојот и однесувањето на мозокот кај група од 37 деца од посиромашните области во Лос Анџелес. Децата научиле да свират инструменти како што е виолина во ансамбли и групи и вежбале до 7 часа неделно.