Еве зошто кога сме под стрес посегнуваме по нездрава храна


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кога ќе се најдеме во некоја многу стресна ситуација, помислата на салата за ручек делува полоша од самата ситуација, додека мрсниот и нездрав чизбургер изгледа како спасител за нас.

Науката потврди дека лошите навики во исхраната после напорен ден на работа или кавга со некоја блиска личност се поттикнати од ефектот кој стресот го има врз нашиот мозок.

Научниците од универзитетот во Цирих открија дека луѓето во стресни ситуации се склони да посегнат по нездава храна (во повеќето случаи и повкусна) отколку кога не се под стрес. Истражувањето покажа дека во стресни ситуации ја губиме способноста за самоконтрола.

Стресот го зголемува пориот за наградување кој се јавува во нашиот мозок, па оттука, може да се засили и желбата за моментална награда како пржена храна или слатки. Со други зборови, стресот како да го засилува сигналот на информацијата за вкус, а го намалува сигналот на информацијата за здравје.

Исто така, треба да се спомене дека еден ден поминат под голем стрес нема целосно да ја саботира вашата исхрана, ако следниот ден се вратите на своите нормални активности и здрав живот и храна. Меѓутоа, дури и умерен стрес може да предизвика губење на самоконтролата кога е во прашање храната, а таков стрес може да се појави и неколку пати дневно.