Еве зошто Карло Анчелоти е еден од најголемите во светот на фудбалот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанскиот стратег Карло Анчелоти стана првиот тренер кој освоил четири шампионски титули во петте најсилни европски национални првенства.

Анчелоти со Баерн, во саботата, на три кола до крајот на Бундеслигата и теоретски ја обезбеди титулата. Италијанскиот стратег претхдно има титули во Серија А, Премиер лигата и француската Лига 1.

Италија ја освои со Милан во 2004, Премиер лигата со Челзи 2010, а Лига 1 со ПСЖ во 2013 година.

Единствен „неуспех“ имаше со Реал, каде во две сезони не успеа да стигне до титулата, но со „кралскиот клуб“ во 2014 ја освои Лигата на шампионите.