Еве зошто Кајли Џенер е вистинска секс бомба


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако бескомпромисно се наметна на листата со сто најсекси жени на светот според престижниот Maxim, Кајли Џенер замина на вечера со пријателката Џордин Вудс во Западен Холивуд.

За таа пригода, 20-годишната старлета се стегна во жежок спотски градник, опасно тесни и секси хеланки со потпис од Александа Ванг и проѕирни потпетици.

Иако предниот поглед на облините кои ја прославија Џенер и ја вивнаа во врвот на шоубизнисот беше впечатлив, оној на нејзината „позадина“ беше вистинска епика. Кога станува збор за жешки задници во кланот Кардашијан/Џенер, Кајли без проблем може да ја засени својата сестра Ким.

Инаку Кајли пред четири месеци ја роди ќеркичката Сторми, а во текот на целата бременост вешто ја криеше својата состојба и не сакаше да потврди дека приновата е на пат. Татко на детето е раперот Тревис Скот.