Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Освен што денешната победа на Јапонија над Германија го донесе второто големо изненадување на Светското фудбалско првенство во Катар, големо внимание привлече и потегот на Германците пред стартот на натпреварот.
Во германската репрезентација сакаа на Мундијалот да ја носат лентата во боите на виножитот како поддршка за ЛГБТ заедницата. Сепак, беа известени дека поради правилата на Катар ќе се соочат со казна ако носат таква лента.
Тоа очигледно предизвикало револт во репрезентацијата, па на тимската фотографија германските репрезентативци ја прекрија устата алудријаќи на тоа дека им е забрането слободно да се изразуваат.