Еве зошто Еди Марфи 6 години го немаше на филмското платно


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


59-годишниот холивудски актер и комичар, Еди Марфи, на ТВ гостувањето во емисијата „WTF with Marc Maron“ објасни зошто не сме го виделе во нови улоги на големите и малите екрани повеќе од половина од последната деценија.

„Направив срање филмови“, рече тој, осврнувајќи се на низата лоши критики за себе кои во 2010 година му ја донесоа наградата за најлош актер на деценијата.

„Можеби беше време да направам пауза“, рече Марфи, додавајќи дека првично планирал да не се занимава со глума една година. „Одеднаш поминаа шест години и уште седам на каучот.“

На крајот решил да се врати на актерството откако сфатил какво ќе биде неговото наследство доколку не продолжи да глуми. „Можев да продолжам да седам на каучот, но не сакам последните работи што ќе ги видите од мене да бидат срања“.

Тој најави три филма во кои ќе глуми и неговото враќање на стенд-ап комедиите , што планирал да ги сними и порано, но бил попречен од пандемијата. „Тогаш барем секој ќе знае дека сум смешен“, заклучи тој.