Home Наука и техонологија Еве за колку се зголемува потрошувачката на автомобилот кога работи климата во него

Еве за колку се зголемува потрошувачката на автомобилот кога работи климата во него

Германскиот автомобилски клуб (ADAC) спроведе студија за да утврди до кој степен употребата на клима уред во возилото влијае на потрошувачката на гориво.

Добрата вест е што благодарение на модерните системи за климатизација, влијанието врз потрошувачката (а со тоа и трошоците) полека се намалува.

Анализата покажала дека потрошувачката во просек се зголемува за 10 до 15 отсто, а големо влијание имаат и условите во кои се вози.

Во градот, на пример, потрошувачката се зголемува за околу 20 отсто, на автопат со просечна брзина од 100 километри на час, потрошувачката се зголемува за околу шест отсто, а максималната потрошувачка, доколку автомобилот е во мирување, е до 70 проценти.

И хрватскиот магазин ХАК пишува дека климата ќе има помало влијание врз потрошувачката доколку климата се користи автоматски наместо сами да ја регулирате температурата и да ја одредувате силата на дувањето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…