Еве во што планира да го пренамени семејството Цаноски разрушениот „Космос“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Семејството Цаноски не се откажува од започнатата градба на објектот „Космос“ кој беше делумно разрушен поради наводно непочитување на градежните правила.

Сега Цаноски најавуваат дека нема да се откажат од „Космос“ кој предвидуваат да биде претворен во објект наменет за потребите на ФОН Универзитетот, односно да го претворат во студентски град.

Сопствениците на Фон за таа цел најавија партнерство со компанијата „Јида констракшн“.

Случајот Космос беше еден од најчесто спомнуватите во објавените прислушкувани телефонски договори при што се слушаше како владини функционери на ВМРО ДПМНЕ се договараат да го уриваат објектот и притоа да искористат динамит.

„Космос“ никогаш не беше целосно срамнет и срушен, туку само значително оштетен по што семејството Цаноски најави дека правдата ќе ја бара во меѓународните судови.