Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пејачката Сиа на својот Инстаграм профил објави разголена фотографија откако сфати дека некои агенции истата ја нудат на продажба.
„Некој мојата разголена фотографија се обидува да ја продава на моите фанови. Сочувајте си ги парите, еве ви ја бесплатно. Секој ден е Божиќ“, напиша Сиа под фотографијата на која се гледа нејзиниот гол задник.
Сиа во јавност, инаку, речиси секогаш се појавува со перика која го крие нејзиното лице, а така и настапува на своите концерти, па периката стана нејзин заштитен знак.
Настапувајќи во Carpool Karaoke шоуто од Џејмс Корден, Сиа откри дека одлучила да го крие своето лице, бидејќи музиката често е засенета од изгледот на изведувачите, што таа сака да го избегне во својот случај. Таквата одлука да го крие ликот од јавноста ја донесе во 2014 година, кога стана планетарно популарна.