Екстра

Еве што значи да бидеш милијардер

Дали некогаш сте размислувале (поточно сте мечтаеле и сонувале) што сè би можеле да си купите ако станете милијардер? Имајќи во предвид дека на многумина им е малку тешко од прва да сфатат и замислат колку пари се тоа, еден Tumblr корисник реши да објасни и покаже што сè може да си дозволи човек кога е милијардер.

„Многу се има расправано за оваа работа и сфатив дека повеќето луѓе немаат идеја што значи да има милијарда долари. За нив тоа е некоја матна голема количина на пари, а не нешто конкретно. Разбирливо е што имаат такво размислување, бидејќи милијарда долари е навистина тешко да се замислат, а просечен човек нема со што да го спореди тоа“, објаснува типот.

1. Огромна вила

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simone Gabrielle Real Estate (@simonegabriellere) on

Мегавила со кино, куглана и спа центар ќе ве чини отприлика 4,6 милиони долари. Како милијардер, можеш да си купиш по една во секоја земја во Европа. Тоа се 50 мегавили.

2. Автомобил

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bugatti Veyron (@bugativeyron) on

Од една до друга луксузна вила можете да патувате со најбрзиот автомобил на светот. Станува збор за Bugatti Veyron Super Sport, кој достигнува максимална брзина од 408 км/час, а од 0 до 100 километри забрзува за 2,5 секунди. Тоа ќе ве чини 2,5 милиони долари. Сега замислете да си купите 12 такви, нека се најдат.

3. Авион

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Helmut Öhler (@tigeroiler) on

Ако спортскиот автомобил е бавен за вас, размислете за приватен авион. Embraer Lineage 1000 е приватен авион кој собира 19 патници, а ќе го платите 53 милиони долари.

4. Јахта

 

View this post on Instagram

 

A post shared by danielgordon (@dannywgordon) on

A што велите за брод? Tatoosh е јахта долга 92 метри, што е нешто пократка должина од еден фудбалски терен. Чини околу 150-160 милиони долари.

5. Уметнички дела

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damien Hirst (@damienhirst) on

Сакате уметност? (Милијардерите обично мислат дека сакаат) Најскапата слика од Моне чини 90 милиони долари. Од Ван Гог најскапото дело е 151 милион долари, а дијамантскиот череп од 8.601 дијамант, дело на Демијан Хирст, чини 65 милиони долари.

„Кога ќе ги потрошите сите погоре наведени пари, од милијардата ќе ви останат толку милиони колку што ниту еден просечен човек во секоја побогата земја во светот не може да ги заработи за два-три животи. Значи, со 50 луксузни вили, 12 спортски автомобили, приватен авион, јахта и уметнички дела од врвен ранг, нема да имате потреба да работите ништо до крајот на животот. Тоа значи да бидеш милијардер“, истакнува типот.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top