Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дали бебињата плачат додека се во мешето од мама? Дали се радуваат? Дека се смејат веќе знаете. Еве што велат експертите за „активностите“ кои ги имаат малите новороденчиња пред да дојдат на свет.
Експертите велат дека бебињата си го цицаат палецот пред раѓањето, а истражувањата покажале дека и во стомакот вежбаат комуникациски вештини, меѓу кои е и плачењето.
Бремените жени често се жалат дека бебињата клоцаат во стомакот, но и дека тие се радуваат кога чувствуваат дека се движат, потсетувајќи ги дека се таму. Експертите велат дека тие уште пред раѓањето го цицаат палецот, што често се забележува на ултразвукот, а истражувањата спроведени на Универзитетите Дурам и Ланкастер исто така покажаа дека тие во стомакот ги вежбаат комуникациските вештини, вклучувајќи го и плачењето.
Научниците користеле ултразвук и ги гледале бебињата, проучувајќи ги сите изрази на лицето пред раѓањето. Потоа виделе дека тие прават сложени изрази, како што се спуштање на веѓите и собирање на носот.
-Тоа е од витално значење за бебето за да може веднаш по раѓањето да покаже ако нешто го боли, вели д-р Ризланд од Универзитетот Дурам. – Но, сé уште немаме утврдено дали плачливите изрази на лицето кои ги прават значи дека навистина нешто ги боли или само „вежбаат“ за витинските болки.