Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Блерта Поцеста, која е главна осомничена за убиството на нејзината мајка, татко и сестра во семејната куќа во Дебар, доби продолжување на притворот од 30 дена.
Поцеста во полиција, при распитот тврдела дека таа не пукала. Таа призна дека го нарачала ликвидирањето, поради што притвор добија уште двајца мажи кои помагале, но иако се најдени само нејзини траги, тврди дека таа не пукала.
Полицијата според доказите е убедена дека Блерта ги убила родителите.
Семејството се вратило од Италија каде со години живеело и работело, а Блерта ги убила затоа што не дозволиле да се омажи за Италијанец.
Семејството 17 часа лежело во крв пред да ги најдат.
Таа заминала во Италија, а потоа се вратила назад за да ги оплакува родителите и се правела дека ништо не знае.