Еве што порача Могерини пред пратениците во македонското Собрание


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Претставничката на Европската унија, Федерика Могерини, пред собраниското пратеничко тело порача дека е време да се трча заедно, да се трча и со соседи и оти верува дека така ќе се стигне многу далеку. Таа го поздрави единството меѓу политичките чинители и побара тоа да продолжи.

Во дваесетина минути долгиот говор пред пратениците во македонското Собрание, високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини, неколкупати го спомена заедничкиот успех за добиената неусловена препорака за почеток на преговорите за зачленување во Унијата. Успехот е на владата, опозицијата, претседателот, институциите и други фактори, рече Могерини, барајќи таквото единство да продолжи и понатаму.

„Овие резултати се заеднички и за владата и за опозицијата. И на опозицијата и на владата им дава одговорност сега да ги обединат силите за идните чекори кои треба да се преземат. Ја споделувате обврската да се грижите за иднината на своите граѓани и својата држава. Владата ја има одговорноста да го отвори просторот за целосно учество и вклученост на опозицијата и опозицијата има одговорност да се вклучи и да придонесе конструктивно кон оваа работа“, рече Могерини.

Таа зборуваше и за обединување на сите за да се остварат целите на мнозинството граѓани и побара таквиот начин на обединување какво што било за реформите, да продолжи и во иднина, за како што кажа, некои национални приоритети.

Извор: Радио Слободна Европа