Еве што откриваат налепниците од овошките кои ги купувате од маркет или пазар


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ретко кој обрнува внимание на налепниците што се залепени на кората на овошјето. Имено, експертите наведуваат дека тие не се беспотребни.

Овие налепници се декларации што содржат податоци за начинот на одгледување на овошјето.

Налепници со четири цифри

Ако декларацијата има четири цифри, а започнуваат со тројка или четворка, значи дека овошјето е одгледувано со помош на вештачко ѓубриво, односно според земјоделските правила.

Налепници со пет цифри

Ако првата цифра е деветка, тоа значи дека овошјето е органски одгледувано и претставува гаранција дека не се користени ѓубриво и пестициди.

Првиот број на налепницата е осум

Ова е најважен податок бидејќи на декларацијата може да се види кое овошје е генетски модифицирано и се препознава врз основа на петоцифрениот број кој почнува со осумка.