Еве што му се случува на вашиот организам кога ќе се прејадете


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Често чувствуваме заситеност дури откако ќе внесеме големо количество на храна, што се последица на доцнење на сигналите кои од желудникот одат во мозокот.

Желудникот главно не е поголем од тупаница кога е празен, но има капацитет да се шири под влијание на количината на храна која ја внесуваме.

Можеби некогаш сте се прашале зошто во еден момент сте гладни, а во следниот се чувствувате како да сте се прејале, а притоа воопшто да не сте го почувствувале периодот помеѓу. Нашето тело има многу сложен начин на кој ни говори кога сме гладни или сити, што бара одреден број хормони кои се произведуваат како одговор на присуство или отсуство на храна и дигестивниот тракт.

Два најважни хормона се грелин и лептин. Едноставно кажано, грелинот го зголемува апетитот, а лептинот го намалува. Тие главно се произведуваат во стомакот и масните клетки. Грелинот обично го има во поголеми количества пред да јадеме, а потоа полека се намалува, додека лептинот е задолжен за тоа да го извести вашиот мозок дека сте сити. Луѓето кои имаат проблем со дебелината и прекумерната килажа со време изградуваат отпорност на лептинот.

Еве неколку работи на кои треба да обрнеме внимание.

Што се случува кога ќе се прејадеме?

Храната може да оди само во два правца, во системот за варење или назад, од каде и дошла, преку повраќање. Прејадувањето може да предизвика лошо варење, кога стомачната киселина ќе зоврие во хранопроводникот. Желудникот е отпорен на киселина, но хранопроводникот не е.

Исто така, тогаш телото вложува поголема енергија во варењето, што не прави многу уморни или исцрпени.

Дали желудникот може да пукне од прејадување?

За жал, може. Наводно постои случај кога желудникот станал толку голем и пукнал од количеството на храна која се наоѓала во него. Една 23-годишна девојка имала 2.500 милилитри смеса во својот желудник, па тој отекол толку многу и бил преголем.

Дали може да се умре од прејадување?

Да, постојат неколку случаи на умирање од прејадување. Многу се ретки, но постојат.

Бидете внимателни, посебно сега кога е време на празнични трпези.