Еве што му се случува на автомобил при страничен удар со 75 км/час (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Познат е фактот дека страничните удари се најслабата и најболна точка за автомобилите, кога патниците се заштитени само од страничните воздушни перничиња и структурата на вратата со дополнителни засилувања.

Не е за изненадување што дури и при помала брзина, ваквите судири можат да завршат со сериозни повреди на патниците, дури и во возила со пет вездички.

Еден таков автомобил го тестираше германската ДЕКРА. И за разлика од EuroNCAPA, тие изведуваат тестови со малку поголема брзина, а потоа ги објавуваат снимките. Така, брзината на страничниот удар беше зголемена од 50 на 75 км на час, а тестот беше спроведен така што автомобилот удри во цврста пречка. Судејќи според бруталноста на ударот, се сомневаме дека некој би преживеал нешто вакво.

И, ако тоа не е доволно, проверете го тестот со преден удар на 84 км на час. Електричниот Nissan Leaf повторно настрада, а откако ќе ги видат последиците многумина ќе го изгубат апетитот за брзина.