Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Актерката од мегапопуларната серија „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер, чие мислење се чекаше веќе некое време, најпосле се огласи на социјалните мрежи во врска со кандидатурата за гувернерка на Њујорк на нејзината пријателка и колешка од споменатата серија, Синтија Никсон.
„Мајка, активистка, адвокатка, борец, њујорчанка и драга пријателка се наптреварува за гувернер на нашата држава. Мојата сестра од екраните и надвор од нив – ја има мојата љубов, поддршка и глас“, напиша Сара на својот Инстаграм профил како опис на фотографијата од Синтија која ја сподели.
Паркер е поблиска со Никсон отколку со останатите колешки од „Сексот и градот“, па нејзината реакција со причина беше очекувана.
Поддршка на Синтија даде и Кристен Дејвис, во серијата позната како Шарлот, но и Ким Катрал.
„Поддржувам и не го осудувам правото на секој свој колега да донесува сопствени одлуки за кариерата“, воздржано напиша Катрал.