Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кинескиот ровер кој „ровари“ и собира податоци на таканаречената „темна страна“ од Месечината ги испрати првите фотографии од неговата мисија кои беа споделени на социјалните мрежи.
Фотографиите, прикажани на државната телевизија CCTV, ги прикажуваат роверот „Jade Rabbit 2 “ и леталото „Chang’e 4“ со кое бил однесен за време на првото слетување на спротивната страна на Месечината.
View this post on Instagram
Фотографиите беа пренесени од релеј-сателит во контролниот центар во Пекинг, иако не е јасно кога биле направени. Прикажувајќи го роверот како се оддалечува од местото на слетување, официјалните лица од Кинеската национална вселенска агенција наведуваат дека ова е целосно успешна мисија.
Роверот направи и панорамска фотографија од 360 степени составена од 80 фотографии направени со сонда по излегувањето на роверот на површината на Месечината.
Темната страна на Месечината многу пати била набљудувана од орбитата на Месечината, но никогаш не била истражувана на површината.