Еве што им порача Иниеста на соиграчите после дебаклот во Париз!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не се стишува бурата во соблекувалта на Барселона после шокантниот пораз од ПСЖ во првиот натпревар од четвртфиналето во ЛШ.

Каталонското радио пренесе дел од разговорот помеѓу играчите на вчерашниот тренинг, каде капитенот на Каталонците им се обратил на соиграчите.

„Ако одиграме уште еден натпревар како во Париз, не заслужуваме да го носиме овој дрес“, им порача Иниеста на соиграчите.

Иниеста притоа се оглеси и преку социјалните мрежи со порака: „Верувај, верувај, секогаш“.

Во целиот хаос во кој се најде Барселона се оглеси и бившиот капитен на овој клуб, Чави кој им порача на своите бивши соиграчи да не се откажуваат и дека сеуште ништо не е готово.