Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според Англичаните, тоа е Брегзитот, според Франција тоа е популизмот, поделеноста на народот. Според Австрија бегалците, а според Италија јавната администрација.
Но, перцепцијата може да лаже. Истражувањата покажуваат дека секоја нација ги преценува сопствените грижи и неволји.
Голем број Европејци се фокусираат на проблемите кои ги имаат во нивните земји. Токму тоа го покажува и анкетата, пренесува Факултети.мк.
Иако популистичките партии не победуваат на изборите, сепак тие влијаат врз дебатите, со што ги тераат мејнстрим политичарите да започнат да преземаат популистички проблеми.
Зошто популизмот се шири?
Популистичкиот марш на Европа е поттикнат од растечката фрустрација на гласачите со статус кво состојбата.
Тука се и бегалската криза, незадоволството со имиграцијата, порастот на национализмот, бавниот економски раст и незадоволството поврзано со ЕУ. Сето ова резултра со гласање за анти-естаблишментот.