Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веста за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги го потресе светот поради бруталниот начин на кој бил егзекутиран минатиот октомври и тоа во саудиската амбасада во Турција. Дополнително, шокантно беше тврдењето дека во неговото убиство бил замешан и саудискиот принц, кој наводно го нарачал истото.
Денес, наследниците на брутално убиениот новинар Џамал Кашоги добија голема сума пари и луксузни домови, како некаков вид на материјален надомест за убиството на нивниот татко, пишува Вашингтон пост.
Кашоги, отворен критичар на саудискиот режим, беше ликвидиран од страна на тим саудиски оперативци во конзулат на таа земја во Истанбул.
Убиството во октомври 2018 година предизвика бурни реакции ширум светот, и многу политичари и бизнисмени се оддалечија од таа земја.
Едно од побогатите саудиски семејства Ал Сауд смета дека е неопходно потомците на убиениот новинар да добијат некаков вид отштета.
Постои мислење и дека тој „аранжман“ е дел од напорите на саудискиот државен врв да постигнат договор со семејството Кашоги.
Децата на убиениот новинар не коментираа за тврдењата дека саудискиот принц бил директно вклучен во убиството на нивниот татко.