Еве што да направите ако келнер или друго услужно лице проба да ви ја скенира сметката за враќање на ДДВ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од вчера започна владиниот проект „Мој ДДВ“, преку кој граѓаните ќе можат да си вратат 15 отсто од данокот на додадена вредност кој го плаќаат преку новата апликација.

Од Управата за јавни приходи предвидела дел од манипулациите кои можат да се случат со спроведување на проектот „Мој ДДВ“, каде граѓаните ќе добиваат поврат на ДДВ-то така што ќе ги скенираат сметките со своите паметни телефони.

„УЈП при креирање на самиот проект обрна посебно внимание да нема манипулации. Не можеме да гарантираме доколку фискалната сметка граѓаните ја предадат или ја остават и не го искористат своето право. Имаше прашања што доколку при издавање на фискалните сметки келнерот претходно ја скенира, начинот на разрешување е исто како да добиете невалидна сметка со повеќе искуцани артикли. Значи треба да се скенира сметката. Доколку видите дека вашата сметка е искористена, треба да побарате сторнирање на сметката и издавање на нова“ – изјави Ивана Дончевска од УЈП за ТВ 21.

Во УЈП има поставено бар код скенери кои што можат да прочитаат сметка која е оштетена, а која одреден телефон не може да ја прочита.

Апликацијата сè уште не може да се симне на ајфоните затоа што УЈП бара одобрение од „Епл“.