Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во неговото синоќешно гостување во емисијата „Само вистина“, премиерот Зоран Заев ја откри приказната за оној „пикантен“ момент во рамки на протоколот и церемонијата за потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција во Нивици, кога тој му ја подари својата вратоврска на грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Во интервјуто Заев рече дека подарувањето на вратоврската на неговиот грчки колега Ципрас по потпишувањето на договорот било спонтано.
„На првата средба во Давос кога го пречекав Цирпас бев без кравата. Првото поздравување му реков еве јас те чекам без кравата, првиот чекор го направив, сега е ред на вас. Ципрас има изјавено дека тој нема да стави кравата додека не ја извади Грција од економската криза. Тоа не беше дел од сценарио, јас ја извадив кравата и му ја подарив за Грција брзо да се справи со економската криза, и му реков ако немате кравата еве ние ќе ви помогнеме. Јас верувам дека економски стабилен сосед е добро и за нас“, рече Заев.