Еве неколку трикови: Како да изгледате одлично на сите направени фотографии!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога се во прашање „селфи“ фотографиите, сите можеме да препознаеме кога фотографијата е добро, но што се случува кога некој друг ќе ве фотографира?

За таа цел, Гаранс Дор кој инаку е професионален фотограф, открива неколку трикови за да излезете одлично на секоја фотографија.

Покажете ја левата страна од лицето

Според Дор и некои останати истражувања, левата страна кај повеќето луѓе е поубава. Па оттаму ниту тренинг пред огледало за вашиот најубав агол не е на одмет.

Ставете го јазикот на зад горните заби

Фотографијата ќе изгледа природна доколку јазикот го ставите зад горните заби, тогаш насмевката ќе изгледа одлично, тврди францускиот фотограф. Исто така, смејте се и со вашите очи, за да не се добие впечаток дека насмевката ви е лажна.

Опуштете се

Не треба да размислувате на тоа како ќе излезете на фотографијата, бидејќи тогаш поголеми се шансите да излезете лошо. Опуштете се пред камеерата, а во тоа може да ви помогне еден трик, односно да ги затворите очите и да ги отворите пред фотографирањето, па тогаш ќе се насмеете природно.

Додека седите, направете фотографија од високо

Доколку некој ве фотографира додека седите, замолете го тоа да го направи од високо. Тогаш подигнете ја лесно главата кон објективот, а за да изгледаше повитки одедете нанапред.

Во позиција кога стоите, фотографирајте се од долу

За да изгледате витки на фотографиите, замолете некој да ве слика од долу. Нозете во тој случај ќе ви изгледаат фантастично, потенцира Дор.

Наведнете ја главата на страна

Ако гледате директно во камера, тогаш главата малку навалете ја на една страна за на своите црти да им дадете длабочина, вели фотографот.