Живот

Еве неколку конкретни причини зошто е грозно да имате големи гради


Носењето на градник без нараменици е скоро невозможна мисија, но и изборот на фустани не е баш голем. Затоа големи гради не прикладни за секоја ситуација…

Скоро секогаш е таква ситувацијата, девојките кои имаат кратка коса сакаат долга, а оние со виткана коса сакаат права. Поентата е во тоа што секогаш во животот го сакаме тоа што го немаме. Но еве неколку конкретни причини зошто е грозно на имате големи гради.

Скоро е невозможно да најдете градник кој ви одговара и притоа е сладок

„Скоро сите секси Victoria’s Secret градници и нема баш да одговараат. Ако имаш големи гради мораш да се задоволиш со оние градници со широки нараменици.“ Воглавно со тие баба – градници, на кои им е задача градите да ги држат на едно место. Но такви градници не се произведуваат со чипка или секси детали.

Пронаоѓање горен дел на капачки костим, исто така невозможна мисија

Сезоната на бикини за нас не е исто, за нас е сезона за „покажи им на сите што имаш“. За почеток може да ги елиминираме сите костими без нараменици. Исто така и капачките костими со форма на трокут не се некоја среќа, затоа што ги покриваат само брадавиците. Исто така и сите push-up горни делови е добро да ги избегнете. Но и кога ќе најдете совршен горен дел, ќе мора да го платите најверојатно многу.

Маиците без нараменици не доаѓаат во предвид

Тие парчиња се толку слатки, и секогаш се во тренд. Со нив може да се истакне „исклесаниот“ стомак на кој толку многу сте работеле. Но, нажалост ако имаш големи гради, најверојатно тоа е невозможно. А доколку решите да облечите таква маица, ќе мора да ставите и градник без нараменици, а ефектот ќе биде негативен. Нема да изгледате слатко, само набиено и нелагодно.

Мора да купиш поголема маица иако за струкот реално ти треба многу помал број

И тогаш, се што ќе облечите на вас, ќе изгледа вреќесто и огромно. Ретки се парчињата гардероба кои се специјално дизајнирани, а и ќе треба да ги платите скапо.

Вежбањето и физичката активност се ужасно напорни

Кога трчаш, градите трчаат со тебе. Aко вежбаш јога, градите често ти се збиени во лице. Кога скокаш, пливаш играш, градите ти прават проблеми.

Потта под градите

Да, потта сама по себе е грозна и напорна, но оној под гради, е вистински ужас. Тоа е една од најнапорните делови во лето.

Излежување на плажа е скоро невозможна мисија

Ако легнете со лицето надолу, во плешките ќе останат огромни дупки, ако сте на тврда подлога тоа не доаѓа во предвид. Ако легнете со лицето нагоре, тогаш ризикувате самите да се „задушите“ со сопствените гради.

Носењето на кошили и блузи со закопчување – уште една невозможна мисија

И да успеете да пронајдете кошула која ќе одговара, скоро никогаш нема да може да го решите оној отвор помеѓу две петличиња. А потоа се случува кошувала и потполно да се отвори во горниот дел.

Се што носите изгледа премногу сексуално

Можеби ова и не ви изгледа како проблем. Но постојат и места каде ќе сакате да изгледате пристојно, а тоа ќе биде тешка задача.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top