Еве накаде оди иднината на авионскиот превоз


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Хиперповрзаната персонализирана кабина на иднината и ротирачките седишта што ја зголемуваат економијата на просторот и удобноста се само дел од футуристичките иновации кои беа промовирани на овогодинешниот избор за награди „Crystal Cabin “.

Дизајнерите кои стојат зад овие иновативни решенија се бореа да ја трансформираат внатрешноста на авионот, а со тоа и да станарт добитници на една од најпрестижните награди во авијациската индустрија.

Над 100 проекти што учествувале на натпреварот, во категории како „забава и поврзаност“ и „визионерски концепти“ ќе бидат претставени во март 2020 на годинашната изложба на авиони во Хамбург, Германија.

Во последниве години, потребата да се трансформира искуството од економска класа се зголемува. Се додаваат крилја на седиштата за дополнителна приватност и удобност на патниците, а инженерската фирма Heinkel Group го воведе концептот Flex Lounge, што подразбира флексибилна конфигурација за седење.

По полетувањето, патниците можат да ги преуредат редовите така што ќе можат да седнат еден до друг, дозволувајќи им на семејствата, пријателите или соработниците да патуваат заедно порелаксирано.

Adient Aerospace предложи нов дизајн на седиштата, наречен простор за сите. Според нивното гледање, трите места во предниот дел на авионот имаат механизми кои овозможуваат седиштата да се претворат во лежаи што патниците ќе можат да ги извлечат.

Седиштата Ciara Crawford ROW1, прават инвалидските колички да се вклопуваат, овозможувајќи попогодна употреба и поголема достапност за лицата со посебни потреби.

Новата генерација на концептот Airbus Cabin Airspace Cabin Vision 2030, покрај тоа што нуди пофлексибилни конфигурации за седење и спиење, вклучува и дигитално опкружување кое им овозможува на патниците ново искуство во кабината.

Германската компанија AERQ исто така предлага да се користи технологијата на иновативен начин, дозволувајќи им на OLED-екраните да бидат поставени во одредени авиони со информации што им се потребни на патниците. Бидејќи авиокомпаниите се соочуваат со зголемена потреба за одржлив бизнис, се појавија предлози за решавање на проблемот со животната средина.

 

PriestmanGoode предложи Zero послужавник со цел да се намали количината на пластичен отпад што е резултат на еднократната употреба на приборот за јадење.

Наместо пластичен материјал, Zero се состои од јадливи, биоразградливи делови што можат да бидат компостирани.

Добитникот на наградата „Crystal Cabin“ ќе биде објавен на 31 март.