Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Секој од нас има нешто што го привлекува спротивниот пол, како на пример тоа може да биде духовитост или авантуристички дух.
А еве какви фраери паѓаат на вас, и на какви паѓате вие, зависно од вашиот хороскопски знак.
Овен
Најчесто ве привлекуваат оние кои се спремни за авантури и истражување на светот. А најважно ви е да биде храбар и да ги обожава возбудувањата.
Бик
Вас секогаш ве привлекуваат личностите кои се опуштени, драги и сигурни во себе. Многу важно за вас е да го кажат тоа што сакаат без да се срамат тоа да биде отворено.
Близнаци
Најбрзо ќе ве привлече оној кој ќе покаже дека му значите, и дека го „кревате до небо“. Природниот начин на комуникација за вас многу значи.
Рак
Вие паѓате на типови на кои им значи љубовта, семејството и пријателите. Многу ги цените оние работи во кои влегуваат и се вложуваат 100%.
Лав
Вам ви треба некој кој го обожава животот, некој кој е активен. Исто така за вас пресуден е факторот да зборува со вас отворено.
Девица
Она што ќе ве привлечи многу брзо се начитаните, паметни, смирени и интелигентни типови. Едноставно на таквите не може да им одолеете.
Вага
Вас ви е важно личноста да биде цврста и одлучна при донесување на клучни одлуки. Многу ги цените оние кои водат активен и друштвен живот.
Скорпија
Најдраго ви е кога мажите кои се полни со самодоверба и кои цврста стојат зад своите зборови се интересираат за вас. Тие мора да бидат отворени кога во прашање се емоциите.
Стрелец
Вие паѓате на стабилни и цврсти типови, кои знаат да водат длабоки разговори.
Јарец
Вам ви е потребен некој кој ќе ја разбуди онаа весела страна кај вас. Важно при одлучувањето е тој да биде спремен за возбудливи работи.
Водолија
Вашиот идеален тип треба да биде паметен, заинтересиран за она што се случува околу него. Исто така да знае добро да разговара, и да биде некој на кого не треба постојано да му кажувате колку е генијален.
Риби
Вие паѓате на типови кои во животот се веселат на едноставни и мали работи. Кои знаат да се забавуваат без обзир на околностите и кои се гладни за учење.