Еве колкумина ќе бидат амнестирани за „крвавиот четврток“, а кој сигурно нема да биде амнестиран


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Амнестијата која ќе се обезбеди со изгласување на новиот предлог-закон за амнестија за лицата поврзани со настаните од „крвавиот 27 април“ ќе опфати вкупно 30 лица. Останатите 40 и нешто обвинети и осудени нема да влезат под „амнестирачкиот покров“.

Низ „филтерот“ ќе поминат сите кои не извршиле никакво насилство, кои не го подготвувале и организирале упадот во Собранието, и кои не се гонат по командна одговорност.

Според тоа, низ овој „филтер“ треба да поминат 20 лица, од вкупно 33 кои се гонат за загрозување на уставниот поредок, и на околу десетина лица засега обвинети за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службена должност“.

Сигурно е дека нема да има „простување“ за седумтемина осудени за обидот за убиство на Зијадин Села, 12 лица обвинети за кривично дело насилство, и полициските функционери на кои им тежи командната одговорност.

Според шпекулациите кои кружат во јавноста, амнестијата нема да ги опфати екс министерот Митко Чавков, и уште двајца обвинети од МВР, Оливер Радулов и Сашко Марковски, а за Душко Лазаров мислењата се поделени, бидејќи според едни имал командна одговорност, а според други не. Од кривичен прогон наводно нема да се спаси ниту Игор Југ, кој според собраниски извори се смета за еден од организаторите.

Сепак сигурно е дека амнестирани ќе бидат пратениците Сашо Василевски, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов.