Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Првата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн се повреди за време на натпреварот против Милвол, а денес „спарси“ конечна ја објавија долгоочекуваната вест и потврдија колку време ќе отсуствува напаѓачот.
Хари Кејн, ќе паузира нешто повеќе од еден месец и сигурно ќе ги пропушти натпреварите со Саутемптон, Барнли, Свонски, Вотфорд и Борнмут во Премиерлигата, но и пријателскиот натпревар Англија-Германија и квалификацискиот дуел на неговата репрезентација против Литванија.
Најдобриот играч и стрелец на Тотенхем е неизвесен и за полуфиналниот меч во ФА купот против Челзи, кој ќе се одигра на Вембли на 22 или 23 април.
Сепак, добрата вест за навивачите на Тотенхем е дека Кејн ќе се врато кон крајот на април за најважниот дел од сезоната.