Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според истражувањето кое беше направено, а чии резултати беа објавени во средата, Американците во текот на еден ден фрлаат околу 150.000 тони храна или повеќе од 400 грама храна по лице. Во извештајот се прецизира дека најчесто се фрлаат овошје и зеленчук.
Таа храна што се фрла во контејнерите за отпадоци се одгледувала на околу седум проценти од американското земјоделско земјиште, а илјадници милијарди литри вода се потрошени при нејзино одгледување, се вели во написот што го објави весникот „PLOS ONE“.
Исто така, таа храна претставува 30 проценти од калориите што секојдневно ги консумира секој Американец.
Овошјето и зеленчукот претставуваат 39 проценти од сите прехранбени продукти, по што следуваат млечните производи (17 проценти), месото (14 проценти) и житарките (12 проценти).
Најретко се фрлаат чипсот, маслото, колачите и безалкохолните пијалаци.
„Подобрите прехранбени режими се темелат на поголем удел на овошје и зеленчук, кои се фрлаат почесто од другите продукти“, објаснува Мередит Најлс, коавторка на истражувањето и асистентка на Универзитетот во Вермонт.
„Здравата исхрана е важна и таа е извор на многу погодности, а што повеќе внимаваме на исхраната, стануваме сè посвесни за фрлањето на храната“, додава таа.
Истражувањето, кое се темели на државните податоци и анкети за фрлањето храна меѓу 2007 и 2014 година, известува за „значајно“ влијание врз околината и земјоделците. „Тој отпад е соодветен на жетвите, со повеќе од 350 милиони килограми пестициди и речиси милијарда килограми ѓубриво, секоја година“ – се наведува во извештајот.
Меѓу можните решенија на овој проблем, истражувањето препорачува обуки на потрошувачите како подобро да ги подготват и да ги чуваат свежото овошје и свежиот зеленчук, а на владата ѝ предлагаат да усвои програми за спречување на фрлањето храна.
Главниот автор Зак Конрад од канцеларијата за земјоделски истражувања во Северна Дакота истакна дека храната се фрла на неколку нивоа.
„Холистичкиот пристап ќе стане сè поважен во пронаоѓањето трајни начини за потребите на растечката светска популација “, заклучи тој.