Home Вебкафе Еве колку различни ликови може да препознае еден просечен човек

Еве колку различни ликови може да препознае еден просечен човек

Благодарение на способноста на човекот за препознавање, тој може да памти илјадници лица кои ги среќава во современото социјално општество или на телевизија, откриле истражувачите од Универзитетот во Њујорк.

„Ние сме навикнати по лицата да препознаваме пријатели, колеги, познати личности и многу други секој ден, но никој досега не потенцирал колку всушност лица сме способни да препознаеме”, вели психологот Роб Џенкинс од Универзитетот во Јоркшир.

Затоа тој и неговите колеги побарале од учесниците во студијата да наведат што е можно повеќе лица од нивниот приватен живот. Потоа, им покажале илјада фотографии од славни лица за кои морале да одговорат кои од нив ги препознаваат, пренесува енаука.

Опсегот на лица кои учесниците успеале да ги препознаат или да се потсетат е голем, околу илјада до десет илјади.

“Тоа значи дека просечниот човек препознава околу 5.000 луѓе”, вели Џенкинс.

Научниците веруваат дека оваа бројка, почетната точка за првиот човечки “фацијален вокабулар”, може да помогне да се развие софтвер за препознавање лица, онаков каков што се повеќе се користи на аеродромите и истрагите за криминал. На научниците ова истражување би можело да им помогне за подобро разбирање на случаи како замена на идентитет.

Џенкинс вели дека не е невозможно некои луѓе да можат да научат како да запамтат и препознаат неограничен број на лица, под услов да имаат доволно пракса. Како аргумент притоа нагласува дека мозокот има скоро неограничен капацитет за учење зборови и јазици. Ограничувањата во тој поглед претставуваат само учење, пракса и мотивација.

Истражувањето е објавено во списанието Proceedings of the Royal Society B.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Љубов што му пркоси на времето: Романтичната бајка на Џон Бон Џови и неговата муза Доротеја, раскажана преку 36 рози и 36 години брак

Во светот на славните, каде браковите често траат колку и насловите на списанијата, ретки …