Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Повремениот одмор од работата и заминувањето од работното биро, ќе ве наполни со енергија и ќе ви понуди чувство на корисност. Седењето не подготвува за тело подготвено за креативна и продуктивна работа.
Повеќето луѓе се свесни дека земањето пауза по физичката активност е нужно за телото да се одмори. Истото важи во случај на ментална работа. Паузата може да биде корисна за продуктивноста, особено ако ја правите на еден час.
По некое време мозокот отапува поради постојана стимулација, па станувате неспособни да ја оддржите концентрацијата или да ја доживеете задачата како важна.
Одморот може да послужи како креативно гориво. Без оглед на тоа колку ја сакате вашата работа, не можете да создавате додека сте празни.
Десетминутен разговор со пријателите или гледање на забавно видео може да биде од голема корист за вас. Самото одалечување од работната околина или канцеларија, може да биде прв чекор во правилна насока.
Не сме дизајнирани да седиме цел ден, а таа положба не го подготвува телото за креативна и продуктивна работа, подигнувањето од бирото, прошетката до тоалет или околу зградата ќе поттикнат циркулација и ќе ви овозможи повеќе кислород, кој на мозокот му е потребен во текот на работниот ден.
Иако можеби сте еден од кафе типовите, за попладнево будење размислете за конзумација на зелен чај. Освен што има многу антиоксиданси, има доволна количина на кофеин за да ве поткрене.
Прошетка или тренинг
Енергетската криза кај повеќето луѓе се јавува попладне, по ручекот.
Истражувањата покажаа дека лесното разгибување, односно умерената кардиоактивност, може да разбуди креативност и продуктивност два часа подоцна. Освен тоа, промена на средината и насочувањее можат да бидат позитивен чекор кој ќе ви користи на следната задача.