Еве колку пари во наследство му оставила Дајана на Хари


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во фамозното интервју кое принцот Хари и Меган Маркл го дадоа за Опра Винфри, Хари открива дека кралското семејство престанало да го финансира откако тој реши да го напушти Обединетото Кралство со Меган и да се повлече од кралските должности.

Тој додаде дека успеал да се снајде и да се обезбеди благодарение на договорите со Нетфликс и Спотифај, но и со парите што му ги оставила неговата мајка.

Според извештајот на Форбс за 2014 година, принцезата Дајана му оставила огромна сума пари на нејзиниот помлад син. Во 2014 година, кога наполнил 30 години, Хари од имотот на неговата мајка добил дури десет милиони фунти.

Во својот тестамент, Дајана, покрај Хари и Вилијам, навела и некои други луѓе со кои сакала да го сподели богатството, па и батлерот Пол Бурел и нејзините 17 кумови го зеле својот „дел од колачот“.

По разводот со принцот Чарлс, Дијана добила и вреден накит и акции, кои исто така им припаднале на нејзините синови по нејзината смрт.

Да потсетиме, принцот Хари и Меган Маркл ја отворија душата пред американската водителка Опра Винфри и раскажаа за нивниот однос со кралското семејство и одлуката да го напуштат.

„Имав три разговори со баба ми за тоа и два разговори со татко ми пред тој да престане да одговара на моите повици. А потоа тој ми одговори и ме праша дали можам да го ставам сето тоа на хартија. Морав да го сторам тоа за моето семејство. За никого не беше изненадување. Многу е тажно што се случи тоа. Но, јас морав да го сторам тоа сам поради моето ментално здравје, но исто така и поради мојата сопруга и синот”, рече Хари.