Спорт

Еве колку пари ќе „лапен“ новиот светски ракометен шампин

Германскиот ракометен сојуз, како еден од организаторите и домаќини на новото Светско ракометно првенство кое започна денес, а го организира заедно со Данска, обезбеди досега рекордна наградна сума на пари за освојувачот на светскиот ракометен куп.

Прв пат по 2007 , Германија е домаќин на Светското ракометно првенство , а токму тогаш за последен пат го освоија и златниот медал. Германскиот ракометен сојуз подготви 450 000 евра награда за тимот , кој ќе го освои првото место , што е најголем бонус до сега.

„Тоа е за целата екипа. Исто така , секој играч има дневен надоменст за времето минато на Светското првенство”, соопштија од Сојузот.

Секој играч , според грубите проценки би добил по 28 000 евра. Колку за споредба на минатото Светско првенство , играчите добија по 15 000 евра.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top