Еве колку пари чинат горивата без давачките кои ги плаќаме кон државата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Доколку од малопродажната цена за литар бензин и дизел се одбијат давачките кон државата во форма на даноци и акцизи и остане само трговската и производствена маржа, литар безоловен бензин и дизел би чинеле 39 денари.

Нафтените деривати се добри полначи на буџетот поради нивната голема потрошувачка од населението и стопанството, па затоа секоја држава сака да загризе што поголем дел од овој колач и тешко се откажува од приходите од нив. Последен таков пример е зголемувањето на акцизата за дизел горивото од 1 јануари годинава за 3 денари, а со додаден ДДВ за 3,5 денари по литар, што треба да донесе дополнителни 30 милиони евра во буџетот.

Извор: Фактор