Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако некој досега ви кажал дека „човекот учи додека е жив“, сериозно ќе си ја сфатите универзалната вистина на оваа поговорка откако ќе го изгледате ова видео.
Во блокот „Can You Do It?“ од шоуто Jimmy Kimmel Live на американскиот водител и шоумен Џими Кимел, во улична анкета на која беа подложени случајни минувачи, претежно млади, пред нив беше поставен навидум едноставен и лесен предизвик – да кажат колку е часот според аналогниот часовник кој е поставен на местото каде што се правеше анкетата.
Испадна дека овој предизвик не е така едноставен и не е воопшто лесен, дури и за факултетски образованата американска младина. Ќе ве фрапира фактот дека младите испитаници на видеото, не само што не знаат да „читаат“ аналоген часовник, туку и тресат квалитетни глупости во обидот да го направат тоа.