Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Познат и непобитен факт е дека една лажица мед на ден, со вода, чај или со јаболков оцет, ја јакне природната отпорност на организмот и го подобрува имунитетот.
Меѓутоа, не им е познато на сите дека токму таа една лажица е вистинската мера. Според истражувањата токму оваа количина мед е онаа која го крева нивото на антиоксиданси за кои се смета дека штитат од срцеви, но и од други заболувања.
Истовремено, таа количина е доволна за да ја задоволи потребата за благо, што е многу важно за сите оние кои јадат многу благо. Исто така, оваа количина нема да влијае на линијата.
Пресметано е дека љубителите на благо, годишно, во просек јадат околу 75 килограми слатки. За нивното здравје би било добро ако барем еден дел од нив го заменат со мед, порачуваат стручњаците.