Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Огромната регулатива за заштита на податоци во Европската унија ќе стапи на сила на 25 мај и ќе ги претстави острите рестрикции кога се во прашање корисничките податоци и чувањето на лични податоци од луѓето на интернет.
Ова во голема мера ќе влијае на технолошките компании во ЕУ, бидејќи веќе нема да можат толку слободно и ефективно да ги користат личните податоци од нивните корисници.
А една од тие компании, секако, е и Фејсбук, која во целот ќе мора да го смени својот пристап кон личните податоци, барем кога станува збор за нивните европски корисници. До овој заклучок беше дојдено при истражувањето на Универзитетот Карлос III од Мадрид.
Резултатите од истражувањето покажаа дек Фејсбук ги бележи интересите на корисниците поврзани со чувствителни лични податоци во 73 насто од посетителите од ЕУ, што отприлика претставуваат 40 насто од целокупната популација на Европската унија.
Со други зборови, социјалната платформа ги чува личните податоци за околу 205 милиони Европјани, кои можат да бидат искористени од трета страна со цел да се утврди нивниот идентитет и на тој начин да ја загрозат нивната безбедност.
Кога на сила ќе стапат новите правила, Фејсбук ќе мора да бара согласност од секој негов корисник од ЕУ за да ги користи неговите лични податоци.
Притоа, истражувачите тврдат дека личните податоци од некое лице преку Фејсбук можат да се откријат и добијат со плаќање од трета страна и тоа чини само 0,015 евра по корисник.