Еве колку изнесувала просечната плата за месец јули во Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Просечната исплатена нето-плата по вработен во месец јули 2021 година изнесувала 28.540 денари и е за 4,8 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15.1 %), Уметност, забава и рекреација (14.2 %) и Други услужни дејности (13.5 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.5 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.3 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли
(3.7 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јули изнесувала 42.627, што е за 4,9 повеќе од јули 2020 година.