Home Актуелно Еве колку ѓубре правел секој Македонец во 2018 година

Еве колку ѓубре правел секој Македонец во 2018 година

На годишно ниво, за изминатата 2018 година, секој еден жител на Република Северна Македонија во просек создавал 412 килограми отпад, што е за 8,6 отсто повеќе во текот на 2017 година.

Државниот завод за статистика објави дека во текот на 2018 година во земјава е создадено вкупно количество од 854.865 тони отпад, а количината на собран комунален отпад изнесува 625.386 тони, што претставува, пак, 1,6 отсто помалку од 2017 година.

Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во скопскиот регион 166.029 тони или 26,5 отсто од вкупното собрано количество во земјава. Од вкупното количество собран комунален отпад, 509.002 тони или 81 отсто се собрани од домаќинствата, а останатите 19 отсто од правни и физички лица (комерцијален отпад).

Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад 535.604 тони или 85,6 отсто, а најмало количество отпад од гума 673 тони или 0,1 отсто од вкупното количество собран комунален отпад.

Најголемото количество на собран комунален отпад 99,5 отсто се исфрла на депонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ичиго Ичиe – јапонска филозофија што нè учи како да ја пронајдеме среќата во секој момент од животот

ИЧИГО ИЧИЕ – ЈАПОНСКА ФИЛОЗОФИЈА КОЈА НÈ УЧИ КАКО ДА ЈА ПРОНАЈДЕМЕ СРЕЌАТА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ…