Екстра

Еве колку ѓубре досега има оствено и испратено човештвото на Месечината

Златното маслиново гранче, комплет знамиња, неколку лунарни орбитери, како и чекан и пердув од сокол – предмети кои беа дел од експериментот во 1971 година со кој се покажа дека предметите паѓаат со иста стапка без оглед на масата, се само мал дел од ѓубрето кое човештвото досега го има оставено на Месечината.

Таму има уште дузина парчиња лунарни остатоци. Но колку точно ѓубре луѓето оставиле или испратиле на Месечината?

Пресметувањето на тоа количество е голем предизвик, но ѓубрето на Месечината веројатно на Земјата би тежело над 181.000 килограми. Оваа бројка е преземена од Википедија, но звучи правилно со оглед на тоа дека таму сè уште се наоѓаат неколку прилично тешки артефакти, како што се петте месечински ренџери, вели Вилијам Бери, главен историчар на НАСА, пренесува Мкд.мк.

Голем дел од овие остатоци оставија астронаутите на НАСА што слетуваа на површината на Месечината помеѓу 1969 и 1972 година за време на програмата Аполо. Другото ѓубре доаѓа од мисиите без екипаж од агенциите за истражување на вселената, вклучувајќи ги и оние од САД, Русија, Јапонија, Индија и Европа, вели Бери.

Голем број од постарите парчиња се лунарни сонди што биле испратени на Месечината за да се откријат повеќе работи за неа, како на пример дали вселенските бродови може да слетаат на нејзината површина. Во 1960-тите години некои научници сметаа дека површината на Месечината можеби е жив песок бидејќи толку многу вселенски карпи низ годините удирале во неа и ја толчеле. Роботизираните сонди што остануваа на Месечината по завршувањето на нивните мисии, покажаа дека оваа идеја е погрешна, и дека едно летало направено од човекот може да слета на површината на Месечината, вели Бери.

На Месечината, исто така, се наоѓаат и лунарните орбитери што го мапираа нејзиниот терен пред да се урнат на нејзината површина, приклучувајќи му се на купот ѓубре.

Дел од другата опрема во оваа растечка депонија им помогна на научниците да научат многу работи за Месечината. На пример, Сателитот за набљудување и сензори на лунарниот кратер (ЛЦРОСС) бил испратен до Месечината за да го проучува тамошниот водород и да го потврди постоењето на вода. Неговата мисија беше успешна, а ЛЦРОСС сè уште се наоѓа на површината на Месечината, вели Бери.

Што се однесува на предметите што ги оставија астронаутите на Аполо, не се размислуваше многу за враќање на непотребната опрема, вели Бери. Освен тоа, тоа би трошело скапоцени ресурси, како што е горивото, додаде тој.

„Во секој инженерски проект како што е слетувањето на Месечината ја дизајнирате мисијата така што да го направите она што треба да го направите и ништо повеќе од тоа“, изјави Бери за Лајв саенс. „Вистинската грижа беше: можеме ли да го однесеме екипажот безбедно на Месечината, може ли да ги земат примероците што им се потребни и можеме ли да ги вратиме здрави и живи?“

Но, како што вели поговорката – ѓубрето на еден човек е богатство за друг човек. Иако многу луѓе би можеле да го наречат „ѓубре“ она што луѓето го оставиле на Месечината, НАСА смета поинаку.

Истражувачите можат да ги проучат овие предмети за да видат како нивните материјали ги издржале зрачењето и вселенскиот вакуум со текот на времето, рече Бери. Покрај тоа, некои од објектите на Месечината сè уште се користат, вклучувајќи го и рефлекторот со ласерски опсег што го остави екипата на Аполо 11.

Истражувачите на Земјата можат да го пингуваат овој рефлектор со ласери, што им овозможува да го измерат растојанието помеѓу Земјата и Месечината, вели НАСА. Овие експерименти им помогнале на научниците да сфатат дека Месечината се оддалечува од Земјата со стапка од 3,8 сантиметри годишно, објави НАСА.

Таканареченото ѓубре што останало на Месечината исто така има и археолошка вредност, рече Бери. Идните посетители на Месечината можеби ќе сакаат да ги видат старите локации на Аполо и да ја видат опремата на НАСА, Европската вселенска агенција, руската вселенска агенција Роскосмос и други земји, вели Бери.

Тука може да најдете целосна листа на предметите оставени на Месечината. Сепак, листата не е ажурирана од 2012 година, забележува Бери, и на неа недостигаат некои понови предмети, како што се Еб и Флоу, две лунарни сонди на НАСА, кои им помогнаа на истражувачите да го анализираат гравитационото поле на Месечината.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top